Во Кичево, на улицата Прилепска, четиригодишно девојче од селото Арангел е тешко повредено откако во него удрило патничко возило „тојота“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот Р.Н. од Кичево. Инцидентот се случил на 13 декември 2025 година околу 12:30 часот, а повредите на девојчето биле констатирани и лекувани во Медицинскиот центар Кичево. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на ...
Утрово околу 05:40 часот во Битола се случи тешка сообраќајна несреќа. На крстосницата од улиците „Филип Втори Македонски“ и „Столарска“, патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната И.А. од Битола, удрило во пешакот Ј.Н. (57). Жената се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Клиничка болница Битола, каде што лекарите констатирале сериозни повреди. На местото на несреќата извршен е ...

