Снежана Караџовска – Попова од Охрид. проф по солфеж и историја на музика во ДМУ Тодор Скаловски Тетоец во Струга, музички едукатор за деца од предучилишна возраст во Музичко Катче и оснивач и актер во Куклениот театар Си беше еднаш. Благодарам од срце за честа да споделам нешто за мојот роденден. Секој проживеан ден е успех самиот по себе, така што му благодарам на Господ што сум здрава и жива, му благодарам за моето прекрасно семејство и ...

Весна Јованоска, вработена во Општина Охрид, Одделение за култура и културно наследство и водител во Ин ТВ сателитска телевизија. Секоја година ни е подарок! Секој роденден ни е благослов! Секој роденден иста и секој роденден нова желба. Онаа, истата желба е универзалната желба на секој од нас, да сме здрави, живи и сите на број и да имаме благослов да славиме уште многу родендени. А, за овој мој роденден мојата желба е секој нареден ден да ...

Јасна Стојаноска, водител на австралиската ИН ТВ. Роденден е денот кој го чекаме цела година… Овој ден е посебен за мене и има огромно значење, особено поради тоа што сум родена на Водопост, ден пред големиот христијански празник Водици. Оваа година поради моменталната ситуација со Ковид-19, роденденот ќе го прославам во кругот на најблиските. За мене годините се само бројка и нека се множат во здравје, среќа, мир и љубов. Истото им го ...

Симона Калајџиска, дипломиран електроинженер, сопственик на приватната градинка “Лилипут Дворче” во Скопје. Родендените секогаш ги одбележувам во кругот на семејството, сопругот Горан и двете деца Михаил и Софија, кои секогаш ми подаруваат љубов и внимание, бидејќи каде животот почнува, љубовта никогаш не завршува. Покрај семејството максимално сум посветена на мојата работа во градинката, каде што со максимален труд во овие вондредни услови, ...