Португалскиот десен бек Жоао Кансело по пауза од една и пол година може да се врати повторно во редовите на Барселона откако сезонава има мала минутажа кај Симоне Инѕаги во Ал-Хилал. Тој иако има договор со екипата од Саудиска Арабија до 2027 година, сепак сака што е можно поскоро да се врати во Европа и да конкурира за составот на Португалија за Светското првенство. Барселона му нуди опција повторно да игра на „Камп ноу“, а Кансело нема ...
Ханси Флик мака мачи со десната бековска позиција, каде на располагање го има само Жил Кунде, па кога не игра Французинот, мора да експериментира. Сепак, тоа може да се промени многу брзо, уште во јануарскиот преоден рок. Поранешниот фудбалер на „каталонците“, Жоао Кансело, во моментов е член на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, но имаше конфликт со тренерот на екипата, Симоне Инѕаги, и воопшто не е пријавен за настап во продолжение од сезоната. ...

