Њу Делхи постојано е меѓу најзагадените градови во светот, но ситуацијата уште повеќе се влоши поради фестивалот Дивали. Експериментот за предизвикување дожд опфаќа активирање авиони или беспилотни летала, кои ќе распрснат честички од сребрен јодид со структура слична на мраз. На нив би требало да кондензира влагата од горните слоеви на воздухот, со што би се создале облаци што ќе донесат дожд и ќе ги исплакнат штетните микрочестички. ...

Владата на Њу Делхи, во соработка со Индискиот институт за технологија Канпур, вчера го спроведе првиот тест со едномоторен авион „Цесна“ над Бурари, град кој се наоѓа на север од Унијата на територијата на Делхи. - Беше извршен пробен лет за време на кој беа испукани ракети за растерување на облаците - изјави Манџиндер Синг Сирса, министер за животна средина на Делхи, објавува „Ле Фигаро“. Врвниот функционер на градот, Река Гупта, очекува дека ...