Сува трева и ниски грмушки горат на две нови локации во земјава – кај селото Марвинци во Валандово и кај дојранското село Фурка, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму велат дека кај селото Марвинци интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило од единицата во Валандово. Во гаснењето на пожарот кај дојранското село Фурка, пак, интервенираат пожарникари од Гевгелија и Дојран и на него се интервенира со две ...

Во гаснењето се ангажирани повеќе од 50 лица, а градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов побарал воздушна поддршка за гаснење на пожарот, но како што информираат од ЦУК биле известени од МВР дека заради технички причини не можат да обезбедат хеликоптерска поддршка. „Дополнително ЦУК достави барање и до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), но до овој момент сè уште нема одговор. Паралелно, испратено е и барање до Генералштабот на ...