Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар од коалицијата ВРЕДИ, Себаедин Даути по остварување на правото на глас на гласачко место во селото Равен, изјави: „Го искористив моето граѓанско право на глас, тоа е уставно и демократско право. Денес е голем ден за граѓаните на Гостивар. Сите масовно да излезат и самоволно да одлучат за својот глас, без притисоци, од срце. Да го дадат гласот за иднината, доброто и перспективата на Гостивар. Денес ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар од НАИ, Ваљбон Лимани го оствари правото на глас на гласачко место во ОУ „Единство“ при што даде изјава за медиумите. „Го искористив правото на глас заедно со моето семејство. Се надевам дека секој што има право на глас ќе излезе и ќе гласа и со тоа нашиот избор ќе биде појасен. Верувам дека ќе имаме мирна атмосфера и коректни избори и на крајот нека победи најдобриот. Се надевам дека ќе заврши сѐ ...