Велс е последниот ривал за Македонија во квалификацискиот циклус за Светското првенство, тим со кој во директен дуел ќе одлучиме за второто место на табелата иако има и одредени матеметики победникот да биде и прв во групата по услов Белгија да биде шокирана од Лихтенштајн. Стадионот во Кардиф е распродаден, домаќините ќе ја имаат поддршката од трибините, но ќе има и наши навивачи кои дефинитивно ќе бидат мотив плус за избраниците на Благоја ...
Студено, но сончево време, и распродаден „Кардиф Сити“ стадион. Ова е сцената за последниот чин од херојските квалификации на Македонија. Утревечер (20:45 часот), нашите „Рисови“ излегуваат на мегдан со Велс во директна битка за второто место во групата, позиција која носи далеку подобар пат во баражот за Светското првенство. Ако имаше притисок, тој сега е преточен во чист мотив. На официјалната прес-конференција, селекторот Благоја Милевски и ...

