Пол Макартни и Ринго Стар, иако соработуваат уште од формирањето на „Битлси“ во 1962 година, дури сега за првпат снимија вистински дует, пишува „Ролинг стоун“. Песната „Home To Us“ ќе се најде на новиот албум на Макартни, „The Boys Of Dungeon Lane“, а музичарот откри дека токму оваа нумера му изгледала како совршено место двајцата конечно да запеат рамноправно. „Песната зборува за тоа од каде доаѓаме. Ринго е од Дингл, тежок дел од Ливерпул. ...

Легендарниот рок музичар Пол Мекартни го издаде својот прв дует со Ринго Стар, насловен „Home To Us“. Новиот сингл е втората песна објавена од претстојниот албум на Пол „The Boys of Dungeon Lane“, кој треба да излезе на 29 мај преку Universal Music Group. Откако беше најавен новиот албум, „The Boys of Dungeon Lane“ предизвикува огромно возбудa кај фановите и медиумите ширум светот, а тоа исчекување го достигна својот врв оваа недела. Во ...