Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека во израелски воздушен напад во саботата е убиен висок командант на елитните сили Радван на либанското милитантно движење Хезболах. Според ИДФ, во израелски воздушен напад врз градот Мајдал Селм во јужен Либан, убиен е Абу Халил Барџи, командантот на единицата на специјалните сили Радван, заедно со уште двајца оперативци, објавува „Тајмс оф Израел“. ИДФ вели дека во текот на ноќта била ...
Израелското воено воздухопловство во текот на ноќта срамнило повеќекатна зграда и погодило други објекти во Бејрут, за кои тврди дека биле користени од Хезболах како командни центри. Според ИДФ, нападите во либанската престолнина биле насочени кон штабови на Хезболах, вклучително и еден на елитната единица „Радван“, како и друг што ѝ припаѓал на разузнавачката служба на групата. Друг ноќен напад во јужниот либански град ат-Тири бил насочен ...

