Во театарот „DOLBY“ во Лос Анџелес се одржа 97-то доделување на Оскарите со голем број очекувани, но и неколку изненадувачки победници. Апсолутен победник е филмот „Анора“ кој ги понесе признанијата за најдобар филм, најдобра актерка, режија, сценарио и монтажа. Оскарот за најдобар машки актер замина во рацете на Адриан Броди, кому ова му е втора статуетка во кариерата. За најдобар меѓународен филм прогласен е бразилскиот „Сè уште сум тука“, ...

Со пет златни статуетки, драмата „Анора“ во режија на Шон Бејкер е најголем победник на 97. церемонија на „Оскарите“. Филмот со „Пепелашка“ приказна како што го нарекуваат критичарите, се закити со награда за режија, за најдобра актерка (Мајки Медисон), за најдобар филм, оригинално сценарио и монтажа. Најдобар актер е прогласен Адриен Броди за ликот на архитектот Ласло Тот во „Бруталист“. Наградата за најдобра споредна машка улога ја освои ...