Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025, во организација на „Литература.мк“. Манифестацијата ќе има и хуманитарен карактер, па средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје ќе се одржат 15 настани кои ги обединуваат ...

„Под исто небо“ е слоганот на седмото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кое ќе се одржи од 23 до 25 април во Сули Ан, Скопје. Фестивалот годинава ќе ја прослави моќта на литературата и илустрацијата како универзален јазик што ги поврзува децата од различни култури и општества. Во рамки на „Литера 2025“ ќе се организираат интерактивни работилници, средби со автори и илустратори, како и специјални ...