Само шест дена по неговиот 25-ти роденден, почина португалскиот фудбалер Кевин Кастро, кој се струполи на теренот за време на пријателскиот натпревар помеѓу Реал Масама и Естрела Амадора. Лекарите веднаш се обидоа да му помогнат, беше употребен и дефибрилатор, но фудбалерот, за жал, почина откако беше префрлен во болница. Кастро се струполи во десеттата минута од натпреварот, по што на теренот истрчаа лекарите од двата клуба. На помош дојдоа ...
Португалскиот фудбал го потресе голема трагедија. Кевин Кастро, 25-годишниот фудбалер на Реал СЦ, почина откако колабираше за време на пријателски натпревар. Кастро доживеал срцев удар само десетина минути по почетокот на дуелот против Естрела да Амадора во Малвеира. Иако веднаш му била укажана лекарска помош, а бил употребен и дефибрилатор, лекарите за жал не успеале да го спасат неговиот живот. Кастро починал на местото на настанот. Веста ...

