Властите во Грција спасиле спасија 545 мигранти од рибарски брод во близина на островот Гавдос, во една од најголемите операции од ваков тип во последните месеци. Според соопштението на Грчката крајбрежна стража, сигнал за помош бил примен нешто по 3 часот по полноќ. Во акцијата, која се одвивала околу 16 наутички милји југоисточно од Гавдос, учествувале три брода на крајбрежната стража, три пловила на Фронтекс, како и три комерцијални бродови. ...

Атина, 19 декември 2025 (МИА) – Во морскиот дел на 16,5 наутички милји југоисточно од малиот грчки остров Гавдос бил откриен рибарски брод со 545 лица кои биле спасени и безбедно пренесени на пристаниште на островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција информираа дека во спасувачката акција спроведена во текот на ноќта биле вклучени три патролни брода, три од Фронтекс, како и други три што пловеле во близина. ...