Капитенот на ОК „Струмица 47@72“ Владо Милев ја освои титулата најдобар спортист на Општина Струмица за 2022 година. Признанието е резултат на фактот што тој како предводник на одбојкарскиот тим ја освои Шампионската и КУП титулата на Македонија а настапуваа и во Лигата на Шампиони и Купот на ЦЕВ. Тој од жирито доби 94 бодови и најави дека и оваа сезона струмичани ќе атакуваат на нова двојна титула и нов излез во Европа Второто место и припадна ...
Стратегот на шампионот ОК „Струмица 47@72“ –Кире Ричлиев повторно беше избран за најдобар тренер на Струмица. Тој доби максимални 96 бода односно сите членови гому доделија по 12 како потврда на неговиот контуинитет со струмичката одбојка и низата од повеќе години освоени титули Второто место му припадна на тренерот на женскиот прволигаш „Тиверија“ Славе Велков, кој со тимот стаса до вицешампионската титула а паралелно е дел од стручниот штаб на ...