Колку што земјите од регионот ја зајакнуваат меѓусебната координација и координацијата меѓу НАТО и ЕУ, толку тој процес е причина за ширење на дезинформативни наративи. Без разлика што Србија смета дека е под безбедносна закана од страна на неколку членки на НАТО во регионот, таа остварува тесна воена соработка со членка на НАТО и ЕУ (Унгарија), се вооружува со кинески ракети, а во мај ќе одржи заеднички вежби со Алијансата Пишува: Стојан ...
Пишува: Стојан Синадинов Трилатералниот договор за одбранбена соработка што на 18 март 2025 година во Тирана го потпишаа Албанија, Хрватска и Косово веќе година дена е своевидно „погонско гориво“ за ширење на дезинформации и спинување од страна на Србија. Генерализирајќи ја наводната безбедносна закана и издигнувајќи ја на ниво на наративот за „антисрпски сојуз“ – со повикување и на лажни наративи од минатото – Србија го користи овој момент ...

