Во локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска беше промовирана збирката поезија за деца „Снежната убавица“ од авторката Лила Арсова, илустрирана со слики во боја, книга која ја носи магијата на зимата, детската радост и топлината на празниците. Авторката Лили Арсова на која оваа и е осма книга поезија за деца рече дека тематски песните се посветени на зимата, зимските радости и празници, додавајќи дека во детската литература ...
Осмата збирка поезија за деца „Снежната убавица“ од авторката Лили Арсова беше промовирана во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Новата збирка е посвета на зимските радости, празничната светлина и чистата, искрена детска среќа, преточени во стихови што лесно се паметат, а долго се чувствуваат. Книгата носи метафоричен и топол наслов, а токму таква е и нејзината поетска атмосфера. Промоторката, проф. д-р Елизабета Бандиловска, истакна ...

