Трет ден гори шумата околу населеното место Николоќ во општина Дојран. Малото место крај Дојранското Езеро е под сериозна закана од огнената стихија бидејќи пожарот почнува да се спушта кон куќите. Тоа го потврдува и локалното население додавајќи дека денеска никој не го гаси пожарот. Дека состојбата во Николиќ е алармантна, за Трн во телефонски разговор потврди и Никола Писарев кој се наоѓа во населеното место. „Живи ќе изгориме. Пожарот е ...
Голем пожар претпладнево избувнал во населбата Лозаново и селото Градец, Општина Крива Паланка, кој се шири со голема брзина од силниот ветар, и постои опасност да ги зафати куќите. Градоначалникот Сашко Митовски соопшти дека општината е зафатена од сериозни пожари кои се шират со голема брзина и претставуваат закана за домовите и безбедноста на жителите. Рече дека државата сè уште не пратила помош, ги повикува и граѓаните да излезат на терен и ...