Пени Блек Во четириесеттите години на 19 век во рамки на реформата на британскиот поштенски систем кој до тој момент бил мошне хаотичен и претставувал плодно тло за корупција и разни злодела, настанала првата поштенска марка. Системот бил пред распад зашто оние што ги добивале пратките често не сакале или не можеле да ја платат услугата. Од друга страна, праќачите не се колебале да праќаат големи, кабасти предмети, или упорно секојдневно да ...

Првата марка која го решила сето тоа на едноставен начин, а воедно станала украс за пратките, е позната под името Пени блек. Издадена е на 1 мај 1940 година во Велика Британија во рамки на иницијативата за промена на начинот на функционирање на поштенскиот систем кој го воспостави сер Роланд Хил, учител и пронаоѓач, а подоцна и директор на поштенската служба. На неа бил ликот на 21-годишната кралица Викторија и многу наликувала на денешните ...