реклама: По кратко боледување, вчера на 72 години почина музичката легенда Ферус Мустафов. Ферус имал мозочен удар на 26 април годинава и оттогаш беше во болницата 8 ми Септрмври. Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет. Ќе биде погребан во Штип. На социјалните мрежи веќе се објавуваат последни поздрави до покојниот Ферус. ...
Фановите, музичарите, актерите и пријателите на социјалните мрежи се простуваат од кралот на ромската музика, Ферус Мустафов кој почина ноќеска на 72-годишна возраст. „Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе… Лесна ти земја, мајсторе…“, напиша актерот и шоумен Игор Џамбазов. Зоран Крагуевски, професор по саксофон и кларинет во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, напиша: „Ферус, ти ни беше патоказ како треба ромската музика да ...