Двете запалени возила на бугарската амбасада дополнително ја разгореа реториката на релација Скопје-Софија. Изолиран криминален чин или намерно подметнат пожар на дипломатски имот, ова е прашањето по чијшто одговор и во моментов се трага, па полицијата засега не открива повеќе детали околу мотивите. Од Владата порачаа дека најстрога санкција ги чека сите што сакаат да шират омраза или да ја нарушуваат безбедноста. Но, медиумите од соседна ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец, осомничен дека запалил две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје . Осомничен е дека сторил кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик. „На 15 јуни околу пладне, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, пред Амбасадата на Република Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за ...