Македонската машка кадетска репрезентација се врати од Грац каде го одработи првиот дел од подготовките за настап на претстојното Европско првенство. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски во Белград ги чека тешка задача, во групната фаза ќе ги одмерат силите со Франција, Словенија и Шведска. Нашите надежи веќе се во Скопје и ќе одиграат два пријателски натпревари против Грција, кои ќе бидат последен тест пред настапот на ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз на контролните натпревари во Софија откако загуби од кадетската селекција на Ирска со (79:88). Нашите кадети беа рамноправен противник во поголемиот дел од средбата, но по изедначените три четвртини, Ирците одиграа подобро во завршницата и стигнаа до победата. Капитенот Зунзуровски беше најефикасен во македонскиот состав со 26 поени, четири асистенции и два скока. Шабани ...