Главниот дезинформациски наратив во февруари во македонскиот медиумски простор беше изречен од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на само три дена пред одбележувањето на годишнината од руската инвазија врз Украина. Тој го преврте „огледалото“ и де факто рече дека Русија морала да влезе со воена сила во Украина за да се одбрани од Западот. „Сакам да повторам – тие ја започнаа војната, а ние употребивме сила за да ја запреме“, ...

Најновиот говор на рускиот претседател Владимир Путин беше искористен да се пласира еден стар руски наратив околу Украина – Русија само се бранеше. Овој наратив беше обновен и засилен со два-три поднаративи, а беа споменати и „нацизмот“ и „русофобијата“. Овој дезинфо наратив за Западот како главен виновник е и варијација на темата „Украина е главен виновник“, што Путин ја употреби во јануари говорејќи во Санкт Петербург Говорот на рускиот ...