Проф. д-р Елка Јачева-Улчар, ексклузивно за „Нова Македонија“ по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј – 24 Мај, во две продолженија пишува за историскиот развој на македонскиот јазик, од неговите корени, преку дејноста на средновековните книжевни школи, грамотите и дамаскините како клучни сведоштва, евангелијата на македонски дијалекти, пионерите на македонската културна преродба Јоаким Крчовски и ...

Во втората половина на XIX век, во Македонија почнува јасно да се оформува мислата за сопствен јазик и национален идентитет, најсилно изразена преку делото на Ѓорѓија Пулевски (1822/23–1893). Самоукиот писател и војник од Галичник прв го именува македонскиот јазик како посебен, обидувајќи се да му даде граматика, речник и историја. Со своите зборови „Наше отачество се велит Македонија и ние се именуваме Македонци“, тој ја формулира идејата за ...