Модната куќа Балман остана без 50 дизајнерски парчиња пред почетокот на модното шоу во Париз. Се верува дека камионот којшто ја носел облеката е украден, а по инцидентот на својот Инстаграм профил се јави и креативниот директор Оливие Рустенг. "Толку многу луѓе напорно работеа за да ја создадат оваа колекција. Ќе направиме повторно сè, ќе работиме деноноќно, но ова е навистина срамно. Ве молам внимавајте, гледате во каков свет живееме. Ве сакам ...

Париз- Француската модна куќа „Балман“ изгубила десетици парчиња облека што требаше да бидат претставени на Париската модна недела подоцна овој месец, откако камионот со кој биле превезувани бил киднапиран, изјави нејзиниот креативен директор Оливие Рустенг. Тој на Инстаграм напиша дека камионот со 50-ина парчиња од новата колекција на „Балман“ бил украден додека се движел од еден париски аеродром кон седиштето на модната куќа во Париз. ...