Македонскиот Културно-информативен центар во Белград организира свечен празничен концерт со еминентни македонски музички уметници и ликовна изложба со десетина современи македонски ликовни уметници. Настаните се по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Концертот ќе се реализира вечерва во 19 часот, а ќе настапи Скопскиот дувачки квинтет во состав: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Орце ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва (среда, 10 септмври 2025) со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Простори на конјункција / Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија“. Ќе бидат претставени дела од реномирани македонски автори. Изложбата ја организира КИЦ во соработка со Националната галерија на Македонија. Куратори се: д-р Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски, Маја Неделкоска-Брзанова и Маја ...