И покрај геополитичките тензии, трговските војни, класичните војни и рекордните нивоа на јавниот долг, Волстирит поставува нови рекорди. На прв поглед тоа изгледа парадоксално, но всушност инвеститорите се рационални бидејќи сè уште не постојат показатели кои упатуваат на поголеми нарушувања во економијата. Профитите на корпорациите продолжуваат да растат, економијата на САД е изненадувачки отпорна, очекувањата се дека американските Федерални ...

„Енвидија“ планира да ја продолжи продажбата на својот чип Х20 (анг. H20) за вештачка интелигенција (ВИ) во Кина откако доби гаранции од Вашингтон дека таквите испораки ќе бидат одобрени, што е драматичен пресврт од претходниот став на администрацијата на Доналд Трамп во врска со мерките дизајнирани да ги ограничат амбициите на Пекинг за вештачка интелигенција. Службеници на американската влада ѝ кажаа на „Енвидија“ дека ќе дадат зелено светло ...