Во текот на ноќта, украинскиот град Одеса повторно беше цел на масовен напад со дронови, при што најмалку 18 лица се повредени, соопштија локалните власти. Најголем дел од штетата е регистриран во Приморскиот округ, каде биле погодени станбени згради и повеќекатници. Нападите предизвикале пожари на покривите и горните катови, а делови од градот останале со сериозни оштетувања. Според информациите, меѓу повредените има и 17-годишно момче, ...
Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила. Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела. Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски ...

