Уште едно деноноќие во Украина го одбележаа серија руски напади. Жртви и повредени има по нападите во Одеса и Харков. Главниот град Киев одново ноќеска беше нападнат со балистички проектили. Проблеми има во снабдувањето со електрична енергија и затоплувањето. Речиси секојдневно на удар е и железничката инфраструктура, но земјата успева да ја одржи клучната логистика. И Русија нотира проблеми во снабдувањето со струја и вода по украински ...
Руската воена команда веројатно планира нова голема офанзива во јужна и/или источна Украина во летото 2026 година, користејќи ограничени стратешки резерви, според Институтот за проучување на војната (ИСВ). Според Институтот, подготвителните мерки веќе се започнати, а самата кампања би можела да започне кон крајот на април. Главните области за можен удар според ИСВ се Славјанско-Краматорск и Ореховске (кон Запорожје). Сепак, аналитичарите ...

