Правилата налагаат, мрестот во Охридското езеро да се врши помеѓу 15 и 31 јануари, но засега тоа се случува само на две локации, во Охрид, кај Вирчето на Кале и во Трпејца, мрест кој го врши Хидробиолошкиот завод од Охрид. Директорката на Заводот, Орхидеја Тасевска, во телефонски разговор за МКД.мк изјави дека по потпишаниот договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Хидробиолошкиот завод непречно го ...
Рекацијата на МЗШВ се однесува на дел од текстот во кој се наведува дека „мрест има само на хартија“, иако во текстот е објаснето дека мрест се врши на две локации во Охрид, а „најголемиот дел од езерото е практично ‘затворен’ за рибарите, кои истовремено се соочуваат со строги забрани за користење мрежи“. „Го демантираме фактот дека мрест има само на хартија, како што е наведено во самиот текст. Хидробиолошкиот завод – Охрид започна со ...

