Сандерленд полека се претвора во тим кој е крајно непријатен за фаворитите во Премиер лигата, бидејќи откако им одзема бодови на Челси, Ливерпул и Арсенал, четата на Режис Ле Бри успеа да го сопре и залетаниот Манчестер Сити. Момците на Пеп Гвардиола пристигнаа со огромна самодоверба во првиот ден од годината по шест победи во низа во Премиер лигата, но вечерва не успеаја да го скршат бедемот пред голот на Руфс и мораа да се задоволат само со ...
Сандерленд му зема „скалп“ и на Манчестер Сити и нанижа уште еден голем фаворит во листата на екипи со кои успеа да освои бодови, но што е уште поимпресивно, тимот кој го води Режис Ле Бри остана непоразен на домашен терен и по десет одиграни средби во англиската елита. „Црните мачки“ го сопреа залетаниот Сити и успеаја да освојат бод во натпреварот кој заврши 0:0, а по крајот на истиот, Ле Бри добил шанса да ја коментира играта на двата тима ...

