Македонски Телеком предложи исплата на повисока дивиденда за 2025 година, во износ од 28,9 денари по акција, што претставува зголемување во однос на минатогодишните 27,6 денари по акција. Според предлогот, компанијата планира да распредели вкупно околу 2,5 милијарди денари за дивиденда, информираше друштвото преку објава на берза. За оваа одлука ќе одлучуваат акционерите на редовното собрание закажано за 27 мај. Од компанијата наведуваат ...

Компанијата Тетекс донесе одлука за распределба на дивиденда во вкупен износ од 21,6 милиони денари, со што акционерите ќе добијат по 55,56 денари бруто по акција. Според усвоената одлука на акционерското собрание, дивидендата претставува 1,795 проценти од номиналната вредност на акцијата. Последниот ден за тргување со право на дивиденда е 8 мај, додека од 11 мај акциите ќе се тргуваат без право на исплата. Правото на дивиденда се стекнува ...