Одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестот на судските поротници, кои од денеска не учествуваат на дел од рочиштата поради незадоволство од висината на надоместоците, Камбовски рече дека одржал повеќе средби со нивните претставници и дека Судскиот совет во целост ги поддржал нивните клучни барања. Тој потсети дека со неодамнешните измени на Законот за судови е решено едно од барањата на поротниците, старосната граница за вршење ...

Во известувањето, судиите-поротници наведуваат дека нивниот дневен надоместок во износ од 570 до 670 денари со години не е изменет, без оглед на бројот на предметите, сложеноста на постапките и времетраењето на нивниот ангажман. Според нив, ваквиот надоместок не ја одразува одговорноста и значењето на функцијата што ја извршуваат, ниту ги покрива основните трошоци поврзани со присуството во Судот. Тие посочуваат дека во изминатите две години ...