Храната за Задушница да се даде на сиромаси, на гробишта да се понесе само пченица, вино и свеќи. Со овој јасен и емотивен апел, протојерејот Добрица Јанев од Штип, ги повикува верниците да ја преиспитаат долгогодишната навика на раздавање по гробиштата. Тој вели дека храната таму не им користи ниту на покојните, ниту на живите, напротив создава неред. Подоцна се собираат кучиња, кои храната ја газат, јадат и ги поганат гробиштата. Наместо ...

Дводневен распоред на гробиштата во Штип, воведува повторно брегалничката епархија за празникот на упокоените Задушница. В петок попладне помените и молитвите, свештениците ќе ги извршуваат на гробиштата над капелата , на делот познат како нови гробишта, а во сабота наутро под капелата, на стариот дел. Дополнително во двата дена ќе има и дежурен свештеник во градската црква Свети Никола за трисагија и молитва за покој на упокоените. Деталите ...