Војната на Блискиот Исток влезе во десеттиот ден, а Иран го изведе првиот бран напади откако за нов врховен лидер беше именуван Мојтаба Хамнеи. Во меѓувреме, конфликтот продолжува да се шири низ регионот, додека цените на нафтата бележат драматичен раст каков што не е забележан во последните шест години. Според последните информации, најтешкиот напад се случил во Бахреин, каде што ирански дрон погодил населена област во квартот Ситра. ...
Иранската државна телевизија, известувајќи за назначувањето на Мојтаба Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, објави дека тој бил „ранет во војна“. Сепак, не е јасно на кој конфликт точно се однесува ова тврдење. Во телевизискиот прилог Хамнеи бил опишан како „џанбаз“ – термин што во Иран се користи за лице рането од непријател. Притоа се споменува „рамазанска војна“, израз што некои ирански медиуми го користат за актуелниот конфликт во ...

