Добивај вести на Viber Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Откако на минатото рочиште сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар, родителите на загинатите денеска пред судот поставија транспарент со ликовите на сите 63 деца коишто ги ...

Транспарентот на кој над фотографиите на загинатите стои натпис „16.03.2025 – 63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда”, родителите го поставија на дел од металната безбедносна ограда поставена околу судницата во Идризово. Полицијата која го обезбедува просторот околу судницата првично рече дека не смеат да го постават транспарентот, но по консулатациите дозволија тој да биде од надворешната страна на оградата Родителите и блиските на ...