Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. -Цената на акцијата во периодот јануари – март 2026 година се движеше од 24.700 до 27.300 денари или просечно 25.249,85 денари за една акција, информираа од компанијата. На 31.03.2026 година акциите на Алкалоид беа во сопственост на 6.532 акционери, физички и ...
Скопскиот аеродром опслужи најголем број патници во текот на првиот квартал, при што секој месец регистрира раст од над 30%. Само во март, аеродромот пречека вкупно 285.491 патници низ своите врати, што претставува зголемување од 36,7% во споредба со минатата година со 1.944 летови (пристигнувања и заминувања), што е зголемување од 6,9%. Во периодот јануари-март, во Скопскиот аеродром беа превезени 796.513 патници, што е зголемување од 33,7% ...

