По неуспешната авантура со турскиот бизнисмен Осман Таш, фудбалскиот клуб Тиквеш одново доби финансиер од Турција. Нов партнер во клубот ќе биде Цезар Браво, со неговата менаџерска агенција Бравоски. Ова го потврди претседателот на кавадаречкиот клуб Миле Масларков, кој додаде дека клубот назначи и спортски директор - Љупчо Трајковски. „Подготовките за вториот дел од сезоната започнаа. Тиквеш се консолидира и донесе партнер од Турција, ...

Новиот финансиер на фудбалскиот прволигаш Тиквеш, Цезар Браво, не го криеше задоволството што постигна договор за партнерство со раководството на клубот од Кавадарци. Тој потекнува од Македонија, од прилепско, зборува македонски јазик и е добро запознаен со македонскиот фудбал. Браво, во иднина Тиквеш прво го гледа во Европа, а потоа во борбата за шампионскиот трофеј во ПМФЛ. „Дојдовме овде бидејќи ја знам Македонија многу. Мојата фамилија е ...

Прволигашот од Кавадарци, ГФК Тиквеш, официјално ги запали моторите за пролетниот дел од сезоната. Но, првата прозивка на Градскиот стадион не беше само обичен тренинг, туку и почеток на една нова ера за клубот, со нова организациска структура и странски партнер. Претседателот Миле Масларков потврди дека клубот добива засилување во раководството. Новиот бизнис партнер доаѓа од Турција – станува збор за менаџерската агенција на Цезар Браво, ...