Летната туристичка сезона во Охрид е во полн ек, плажите се полни, во градот има голема раздвиженост, а во угостителските објекти речиси и да нема место. И годинава една од главните теми меѓу туристите се цените на услугите. Домашните гости велат дека летувањето во Охрид во последните години станува сè поскапо, а со слични впечатоци се и дел од странските туристи за кои градот важи за една од поевтините балкански дестинации На социјалните ...

„Цените во угостителските објекти во Охрид се исти како и секаде во Македонија, плус-минус 10 денари. Проблем е куповната моќ на домашните туристи. Ние ги корегираме цените во зависност од зголемувањето на набавните цени. Пивото се движи од 160 до 180 денари, во зависност од видот, кафето е од 100 до 120 денари, а водата 90 денари. Сепак, треба да се има предвид дека станува збор за туристичко место и нормално е во летниот период цените да ...