Поразот од Пелистер го оддалечи тимот на Шкендија три бода од врвот. Шанса за поправен има веќе денеска во меч против Работнички. Шампионот веќе нема право на грешка, ќе мора на секој меч до крајот на сезоната да оди на победа. „Да бидам искрен, тој натпревар со Пелистер нè разочара сите, и нас и навивачите, бидејќи не мораше да ги изгубиме тие бодови. Но, сега мора да бидеме самокритични и да преземеме одговорност. Добрата работа во оваа ...

Шкендија со 3-0 го совлада Работнички на мечот одигран денеска на ТЦ „Петар Милошевски“ во Скопје, и ја продолжи битката за титулата. Тетовскиот тим веднаш се врати на победничките патеки, после поразот на домашен терен од Пелистер. Тренерот на шампионот Јетон Беќири е среќен што неговиот тим одговорил со победа после шокантниот пораз на домашен терен, кој го оддалечи од првото место. „Мислам дека ова беше одлична реакција по поразот од ...