Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е новата аквизиција на ГРК Охрид, информираат од клубот. Десното крило (30 год, 191 цм) стави потпис со „Гладијаторите” на миниум 2 години! Ѓукиќ има одлично CV зад себе и е огромно засилување на нашиот тим. Доаѓа од екипата на РК Динамо Букурешт-шампион на Романија, а пред тоа настапуваше за екипите на РК Вардар 1961, Спортинг Лисабон, Мешков Брест, Киелце, Бешикташ и Металург, со одлични настапи во Лигата ...
Дарко Ѓукиќ и Охрид ја потврдија меѓусебната соработка. Српското крило се враќа во мак-ракометот по само една година, а кариерата ќе ја продолжи крај Охридското езеро. Договорот меѓу двете страни е во времетраење од две години. Клубот објави видео-обраќање од Ѓукиќ до навивачите и потврда за последниот потпис. -Поздрав до сите навивачи на Охрид. Сакам да ве известам дека наредните две години ќе бидеме заедно, на иста страна. Ќе се бориме за ...