Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи низ државата. Од ЦУК апелираат до граѓаните, доколку имаат потреба од помош или забележат проблеми, истите веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112. Според пријавите и реализираните интервенции заклучно со 21:00 часот на 7 јануари 2026 година, ...

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, на подрачјето на Скопскиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите од дожд. Според последните инфомации забележано е мало локално излевање на реката Вардар во општина Зелениково, кое не предизвикало материјална штета, при што се препорачува внимателно движење во близина на речното корито. Според информациите од Регионалниот центар за ...