Празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица, е еден од најголемите верски празници и масовно се одбележува кај нас. Така е и годинава. Од утрото голем број верници се упатуваат кон храмовите на Македонската православна црква во Охрид. Најсвечено беше во храмот посветен на Мајката божја во Каменско каде се одржа света архиерејска литургија со која чиноначалствуваша Митрополитот Дебарско – кичевски и ...
Во селото Церје, Мала Преспа, Македонците од оваа област, според традицијата негувана со векови, го одбележаа денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, патрон на селската црква. Иако поголемиот број жители од Церје се иселени, сепак за нив и нивните поколенија важи изреката „каде и да се за овој голем празник во Церје да се“. Секако заедно со нив беа и жители од повеќе села на Мала Преспа. По богослужбата што беше одржана во ...
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и до сите православни верници. Во честитката таа посочи дека празникот е силен потсетник за мајчинството, безусловната љубов и семејните вредности. ...

