Англија вчера ремизираше против Гана во натпревар во кој не блескаше и одигра само 0-0, а дел од јавноста смета дека Англичаните во овој дуел требало да останат со фудбалер помалку. Имено, Џуд Белингем во еден момент ја прекриваше устата додека зборуваше со Џордан Ају, нешто што според новите правила на ФИФА се казнува со црвен картон. Такво исклучување веќе видовме на дуелот помеѓу Турција и Парагвај каде што црвен картон заработи Алмирон. ...

Сликата на која англискиот фудбалер Џуд Белингем ја покрива устата додека разговара со Џордан Ају од Гана за време на нивното реми (0-0) во Бостон предизвика бројни контроверзии на Светското првенство. Новото правило воведено за Мундијалот во 2026 година јасно предвидува дека играчите можат да добијат црвен картон доколку ја кријат устата додека му зборуваат на противникот. Сепак, Белингем не беше исклучен по прегледот на ВАР системот, а ...