По повод празникот „Пренос на моштите на Св. Стефан“ денес во манастирот „Св. Стефан“- Охрид ќе биде отслужена вечерна богослужбa со почеток во 19 часот. Утре ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 07:30 часот, а во 08:45 света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува надлежниот Митрополит Дебарско -Кичевски Г. Георгиј. Од Црковниот одбор во манастирот упатуваат покана до верниците да дојдат на заедничка молитва. За моштите ...
Охрид, 15. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот пренос на моштите на Св. Стефан во истоимениот манастир се одржа Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј. Православните верници денеска го слават откривањето и преносот на моштите на Св. првомаченик и архиѓакон Стефан. Бројни верници ја посетуваат единствена црква посветена на овој светител ...