Шкендија остави зад себе една разочарувачка недела во која претрпе порази од Арсими и од Дрита, но денеска избраниците на Јетон Беќири ја почнаа новата работна седмица во подобро расположение, остварувајќи победа во последниот меч од 15-то коло во Првата македонска фудбалска лига. Тетовачани го одбранија домашниот терен и ја продолжија агонијата на очајниот Работнички, кој денеска не можеше никако да се соземе од ударот кој го доби во раната ...

Во последниот натпревар од 15. коло на Првата македонска фудбалска лига, Шкендија ја оправда фаворитската улога и славеше минимална, но значајна победа над Работнички со 1-0 во Тетово. Со овој триумф, „црвено-црните“ се вратија на победничките патеки по двата врзани порази (од Арсими и Дрита), додека „романтичарите“ продолжија да тонат на дното на табелата. Натпреварот беше решен уште во раната фаза. Во 5. минута, Трумчи и Ибраими одиграа ...