Третолигашот БВК Коњаре е решен годинава да гради тим за влез во Втората македонска фудбалска лига, а за таа цел беше претставен Иљаз Чилафи како најново име, а пристига од новиот прволигаш Шкендија Арачиново. Се работи за 28-годишен искусен лев бек кој покрај за Шкендија Арачиново настапуваше и за Слога ВИница, Брегалница, Брера Струмица, Детонит Плачковица, Воска Спорт, Тетекс, Гостивар, Шкендија од Тетово, Струга Трим Лум, Беса од Добри ...
Третолигашот БВК Коњаре ќе има високи амбиции за следната сезона, откако клубот го промовираше Јусуф Алиу, а ја продолжи соработката со Руфат Чилафи. Се работи за искусни фудбалски имиња со кои значително се подига квалитет во сопствените редови, потврда дека БВК Коњаре ќе цели на прво место и шампионски пехар во Трета лига Регион 1 и обезбедување на бараж за Втора лига. Алиу кој има 25 години кариерата ја започна во Шкупи, од каде потоа ...

