Нов мурал од неуловливиот уличен уметник Банкси се појави на зградата на Кралскиот суд во центарот на Лондон. На него е прикажан судија во традиционална перика и црна мантија како удира демонстрант кој лежи на земја, а крвта му се прска по плакатот. Иако муралот не се однесува на одредена причина или инцидент, неговото појавување следи два дена откако речиси 900 луѓе беа уапсени на протестот во Лондон против забраната за Палестинската акција. ...

Нов мурал на најславниот уличен уметник во светот, Банкси, се појави на зградата на Кралскиот суд во Лондон. На последното дело на Бански е прикажан судија, облечен во традиционалната гардероба на британските судии, со чекан во раката како удира демонстрант чија крв го испрскала и плакатот кој го држи во раката. Иако на плакатот не може да се прочита никаква порака или мотив за протестот, овој мурал се смета за коментар на забраната на владата ...