Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје. Предметот, кој се води под број К.бр. 1872/25, првично беше поднесен од Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, префрлен во надлежност на Скопското ...
Со засилено обезбедување, присуство на лекарски тим и уверување дека е се подготвено за почеток, надлежните најавуваат дека судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека ќе почне без никакви пречки. На денешниот брифинг со новинарите, во судницата каде ќе се одвива процесот, в.д претседателката на Кривичниот суд, државниот обвинител и првиот човек на адвокатската комора, уверија дека се ќе направат да се обезбеди непречено и фер судење. ...

