По рекордно распродадените концерти низ целиот регион, турнејата „Ја за чуда летим” продолжува со незаборавен музички спектакл и покрај Охридското Езеро, каде феноменот наречен Јаков Јозиновиќ својот музички раскош ќе го сподели и со охридската публика. На 3 август, со почеток во 20:00 часот, сцената на Античкиот театар во Охрид ќе стане место каде што музиката, емоцијата и магијата се спојуваат во едно. Под отворено небо, во прегратките на ...

Мега популарниот Јаков Јозиновиќ го распродаде целиот капацитет на Античкиот театар во Охрид, три месеци пред концертот закажан за 3 август. Јозиновиќ, месецов пееше во преполн СЦ „Јане Сандански“ кој исто така беше распродаден пред одржувањето. „До охридскиот концерт ќе излезе и албумот. А овој месец ќе излезе и песна.“ – изјави Јаков во интервју за Култура24 по скопскиот концерт. Тој периодов ги распродава сите концерти низ регионот па така ...

Како што ексклузивно дознава музичкиот портал Музика24, Јаков Јозиновиќ во моментов интензивно работи на својот нов сингл со наслов „Чуда“ – песна за која веќе се зборува дека има потенцијал да стане регионален хит. Според информации од блиски извори до тимот, композицијата се наоѓа во завршна фаза на снимање, а зад целиот проект стои внимателно осмислена продукција со современ звук и силен авторски израз. Овој пат, Јаков не само што цели кон ...