Од вчера ограноци и членови на ДУИ на социјалните мрежи споделуваат видео од Али Ахмети во УЧК униформа како врховен командант на ОНА. На видеото се слушаат воинствени песни за ОНА и за командантот Ахмети, како и негово обраќање со воинствена реторика. Јас доаѓам од народот, доаѓам од вашиот слој. Дајте ми го мечот, гледајте како го ракувам. Никогаш не сум изгубил ниту една војна, бидејќи војниците ми го подарија мечот, вели Ахмети во видеото. ...
Видеото со Ахмети во униформа на УЧК, кое се споделуваше од членови на ДУИ, беше избришано од интернет. На снимката, лидерот на ДУИ тврди дека никогаш не изгубил војна. Според партијата, видеото го прикажувало животот на Ахмети и не било провокација. СДСМ ја осуди реториката на Ахмети, истакнувајќи дека етничките провокации се опасни за земјата и не се прифатливи. Според МВР, ДУИ со видеото сакала да ја дефокусира јавноста од истрагите против ...